01 Ноември, 2024
0.0268

Што предвидуваат новите правила за градење?

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Со новите правилници за енергетска ефикасност што до крајот на јуни треба да бидат објавени во Службен весник, секој нов објект што ќе се гради ќе мора да добие сертификат за енергетски карактеристики на зградите. Сертификатите ќе ги издаваат посебни фирми, што ќе добијат соодветни лиценци. Според информациите на Фактор, ќе има два вида на сертификати - еден за станбени згради и еден за нестанбени згради. Според новите правила на игра што наскоро ќе стартуваат во градежниот бизнис, секој нов објект на видливо место ќе треба да го истакне сертификатот за енергетски карактеристики. Сертификатите за двата вида на објекти ќе изгледаат како на сликите подолу, но ќе содржат и дополнителни податоци. Станбените и нестанбените згради и градежни единици се поделени во осум енергетски класи, и тоа: А+, А, B, C, D, E, F и G. Класата А+ претставува енергетски најповолна, додека класата G е енергетски најнеповолна класа. Во зависност од категориите на објекти, и во зависност од тоа дали се работи нови градби или за значителни реконструкции на постојни објекти – се определува која е најниската дозволена енергетска класа. Останатиот дел од Сертификатот за енергетски карактеристики на станбени и нестанбени згради ќе содржи дополнителни податоци за зградата, како што се вид на зградата и локација, потоа дали станува збор за нова или реконструирана зграда, година на завршување со градењето на зградата, година на завршување на техничките системи, кој ги изведувал работите. Ќе мора да бидат внесени податоци за начинот на ладење, вентилација (природна - принудна без враќање на топлина, принудна со враќање на топлина). Дали во зградата се користат  обновливи извори на енергија.“ Меѓу податоците што ќе треба да се наведат во Сертификатот за енергетски карактеристики ќе терба да бидат и следните: „Пресметана годишна потрошувачка на финална енергија по категории на потрошувачи: Греење, ладење, вентилација, топла вода, осветление, помошна енергија, вкупна потрошувачка. За секоја категорија на потрошувачи треба да се даде процентуалното учество на одделни извори на енергија (гас, нафта, електрична енергија, биомаса и друго). Пресметана годишна потрошувачка на примарна енергија по категории на потрошувачи: Греење, ладење, вентилација, топла вода, осветление, помошна енергија, вкупна потрошувачка. За секоја категорија на потрошувачи треба да се даде учеството на одделни извори на енергија (гас, нафта, електрична енергија, биомаса и друго).“ Сертификатот за енергетски карактеристики за постојните згради содржи предлог мерки за подобрување на енергетските карактеристики на зградата, кои се економски оправдани. За новите згради сертификатот содржи препораки за користење назградата од аспект на заштеда на енергија и топлинска заштеда. Во сертификатот ќе треба да биде наведена и климатска зона во која се наоѓа објектот вклучувајќи ги бројот на топлински степен денови. Подрачјето на Македонија е поделено во три климатски зони според вредностите на топлинските степен. Трите климатски зони се:
  • Климатска зона 1, за градови и населени места со топлински степен денови во границите (1.900 – 2.400) [Kden];
  • Климатска зона 2, за градови и населени места со топлински степен денови во границите (2.401 – 2.650) [Kden]; и
  • Климатска зона 3, за градови и населени места со топлински степен денови поголеми од 2.650 [Kden].
Населено место Топлински степен денови Населено место Топлински степен денови
Берово 2.932 Крушево 3.735
Битола 2.635 Куманово 2.552
Велес 2.303 Охрид 2.501
Гевгелија 2.080 Прилеп 2.629
Гостивар 2.728 Скопје 2.536
Д.Капија 2.241 Струга 2.636
Кичево 2.632 Струмица 2.364
Кочани 2.271 Тетово 2.662
К.Паланка 2.757 Штип 2.388
  Новите правила ќе важат за едносемејни и повеќесемејни згради за домување (до 2 станови), станбени згради, административни и комерцијални згради, згради во образовниот сектор,згради во здравствениот сектор, хотели и ресторани, згради за спортски активности, згради за културно-уметнички активности и забави, згради за трговија на големо и мало, други видови на згради коишто се загреваат на температура повисока од 12 0С. Новите правила нема да важат за
  • Згради официјално заштитени од државата, како дел од определена околина или поради нивната посебно архитектонско или историско значење;
  • Згради кои претставуваат недвижно културно наследство и споменички целини прогласени со закон или друг акт за заштита на културното наследство кое е од особено значење и меморијални споменици;
  • Згради за верски обреди или други религиозни активности;
  • Згради кои се користат привремено, со време на користење од две години или помалку, производни хали, индустриски згради, работилници, магацини и нерезиденцијални згради за земјоделска дејност кои имаат мала побарувачка на енергија;
  • Згради за домување кои се користат или се направени со намера да се користат за период помал од четири месеци во текот на годината или за период помал од 25 % од времетраењето на зимската и летната сезона, со очекувана потрошувачка на енергија помала од 25% од потрошувачката што се очекува при користење на зградата во текот на целата година; и
  • Самостојни згради со вкупна плоштина на корисната подна површина помала од 50 m2.
  • Згради за коишто не се издава градежна дозвола;
  • Згради кои се градат врз основа на привремена градежна дозвола;
  • Помошни згради на системите за електронски телекомуникации;
  • Згради кои не се греат или се греат на температури до +12 оС; и
  • Засолништа.
При градба на нови или значителна реконструкција на постојни згради или градежни единици во сопственост на лицата од јавниот сектор, згради во здравствениот сектор, ученички и студентски домови,детски градинки, установи за социјални грижи, спортски сали и воени касарни, треба задолжително да се вградат сончеви колектори за топла вода, доколку тоа е економски исплатливо. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта