19 Декември, 2025
0.0844

Што понатаму со косовските полицајци уапсени во Србија?

Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2023 16:41

Добивај вести на Viber

Oбвинителството во Краљево им одреди притвор на уапсените припадници на косовската полиција Р.З., Б.С. и М.Ш.

Пред два дена српската полиција лоцираше и уапси тројца припадници на косовската полиција.

„По повод настаните од 14 јуни оваа година во село Гњилица, општина Рашка, Вишото јавно обвинителство Краљево на денес донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничените Б.С. (1965), Р.З. (1975) и М.Ш. (1961) поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело Неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.348 ст.4 во врска со 2 во врска со ст.1. Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството. 

Властите во Белград велат дека тие се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а Приштина тврди дека се „киднапирани“ на територијата на Косово.

По инцидентот, Владата на Косово одлучи да го забрани увозот на стоки од Србија.

Косовскиот премиер Аљбин Курти побара итно ослободување на тројца косовски полицајци. 

Полицајците се правдале дека береле печурки. 

И албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се фокусирани на ослободување на уапсените косовски полицајци. 

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен