Што ќе се случи ако Франција ја напушти ЕУ?
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Излегувањето на Франција од Европскјата унија (Фрегзит) би бил „кошмар“ за државата.
Нејзината економија во голем степен зависи од извозниот потенцијал, изјави во интервју за „Ехото на Москва“, францускиот министер за финансии, Мишел Сапен.
„Ако под „Фрегзит“ подразбирате излегување на Франција од ЕУ и од еврозоната, сметам дека тоа би било кошмар и би предизвиокало катастрофално влошување на економската ситуација. Речиси и да не можам да замислам како може Франција да се врати во границите со царински тарифи. Тоа би било економска катастрофа. Сегашните ниски камати за кредитите се можни благодарение на силната единствена валута која има доверба на меѓунардоните пазари“- кажа тој.
Додаде дека еврозоната и дава значителни предности на Франција. Според министерот, враќањето кон националната валута би значело зголемени камати и ограничување на можностите за економски раст.
Оваа идеја, Франција да ја напушти ЕУ се спомнуваше во 2013 година, а од неодамна за истото зборува и Марин Ле Пен од Националниот фронт.