28 Април, 2024
0.0716

Што ја урниса добивката на НЛБ Банка во вториот квартал?

Објавено во: Финансии 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Што ја урниса добивката на НЛБ Банка во вториот квартал?

Резервациите ја „испржија“ добивката на НЛБ Банка во вториот квартал годинава покажуваа податоците од билансот. Добивката во периодот април-јуни е само една петина од профитот што банката го имаше во периодот јануари-март

НЛБ Банка оствари добивка од 3,38 милиони евра во вториот квартал годинава и тоа е помалку од половина од добивката што банката ја имаше во првото тромесечје годинава кога добивката беше 15,68 милиони евра. Клучен фактор што ја намали добивката во вториот квартал во однос на првото тромесечје се трошоците за резервации на кредити за кои банката до крај на јуни издвои 5 милиони евра, а кои само во вториот квартал пораснале за 6,2 милиони евра. Значајно е учеството и на останатите приходи кои во вториот квартал пораснале 1,16 милиони евра, а во првиот квартал на банката и донеле 6,48 милиони евра.
Исходот е следен: нето добивката за половина година е 19,06 милиони евра и е за 4 милиони евра подобар скор од лани.

Приходите од камати на НЛБ Банка на крајот на јуни се 28,1 милиони евра и се за нијанса пониски од каматните приходи во истиот период лани. Кога се споредуваат двата квартали годинава излегува дека имаат речиси ист интензитет затоа што приходот од камати изнесува по околу 14 милиони евра по квартал. Нето приходите од камати исто така: врамнотежено во двата квартали. Во првиот изнесувале 11,64 милиони евра, а во во вториот квартал биле 11,69 милиони евра. Малку различна е тенденцијата кај втората по големина расходна ставка: провизиите и надоместоците. Во првиот квартал нето приходот е 4,5 милиони евра, а во вториот е 4,08 милиони евра или вкупно 8,58 милиони евра за првото полугодие годинава.

Вкупните останати приходи за првото полугодие се околу 7,6 милиони евра, а нивниот сооднос на создавање е пет наспрема 1 во корист на првиот квартал годинава.

Кај расходите најзначаен раст имаат резервациите за кредити за кои веќе напишавме дека во најзначајна мерка ја ограничија добивката за првото полугодие. Имено тие пораснале за 6,2 милиони евра во вториот квартал и така влијаеле врз добивката. Минимално е негативното влијае на износот на загуба заради оштетување нефинансиски средства. Нивниот износ на крајот на јуни е 241.500 евра, а на крајот на јуни бил само 79.400 евра.

Расте кредитирањето, малку расте и штедењето

Нивото на кредитни пласмани на банката на крајот на јуни надмина 797 милиони евра. Во вториот квартал нивото на кредитирање пораснало за 22,4 милиони евра во споредба со првиот квартал. 
Сличен тренд има кај депозитите. На крајот на јуни нивното ниво е речиси една милијарда евра односно најточно 60,7 милијарди денари. Депозитната база на останатите коминтенти со исклучок на банките има зголемување од 11 милиони евра во периодот април – јуни и најголем дел од тоа е по основ на камата за поминатиот квартал.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување