Што изјави Брнабиќ за повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Скопје?
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Не станува збор за мала работа, вели српската премиерка, Ана Брнабиќ за одлуката за повлекување на персоналот од нивната амбасада во Скопје.
На оваа тема разговарала со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Имав утринава состанок со Дачиќ и консултации со претседателот на Србија, бидејќи не станува збор за мала работа“- изјави Брнабиќ.
Таа не кажала ништо повеќе и ги замолила медиумите да почекаат соопштение од српското МНР.
Од македонското МНР велат дека се во постојана комуникација со претставници на српската дипломатија откако вчера беа повлечени сите дипломати од амбасадата на Србија во земјава, и штом официјален Белград ќе ги открие причините за повлекувањето на дипломатите, МНР ќе излезе со став.