17 Мај, 2024
0.0291

ШТО ИМ НУДИ БИСЛИМОВСКИ НА СИНДИКАЛЦИТЕ - или повеќе луѓе да добиваат субвенции, или понизок ДДВ за струјата

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторите денеска на средба со синдикалците. Тема била цената на струјата. Регулаторната комисија дала предлог да се прошири листата на лица што ќе користат субвенции за енергетска сиромаштија, со оние кои се погодени од корона кризата. Втората опција е да се намали ДДВ-то за електричната енергтија. Синдикатите тоа ќе го разгледаат. Сепак, крајниот збор ќе го имаат пратениците, кои ги носат законите.

Од РКЕ денеска соопштија дека претседателот Марко Бислимоски одржал состанок со Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија.

Проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза, е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од Ковид кризата. Ова било предлог-решението од РКЕ, за кое синдикатите посочиле дека ќе го разгледаат во рамките на органите и телата на синдикатите и за истото ќе продолжат со разговорите на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

„Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надоместок за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да  разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерствата како предлагачи на измени во закон“, објаснил Бисмилоски на состанокот со синдикалните лидери.

Тој рекол дека Регулаторната комисија е ставена на располагање со сиот свој капацитет да  биде логистика во процесот на разговори кои синдикатот ќе го води со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории на граѓани.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок