06 Мај, 2024
0.1051

ШТО Е СЛЕДНО: Јанева се запозна со доказите кои ја сомничат во „Рекет“

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Три часа Катица Јанева, третоосомничената во „Рекет“ вршеше увид во доказите против неа.

По прегледувањето на доказите кои обвинителството ги собра во истрагата, разрешената специјална обвинителка, со полициско комбе е вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, каде што е сместена од 21 август.

Пред Јанева, првоосомничениот, Бојан Јовановски, познат по како Боки 13, започна да ги разгледува доказите во истрагата „Рекет“.

Јовановски и Јанева требаше да бидат сослушани за прв пат оваа недела, бидејќи тие беа во притвор, но ова беше одложено затоа што бараа пристап до доказите за гонење во случајот со  „Рекет“ , истрага за која им беше речено дека е завршена.

Според адвокатот Сашко Дуковски, Јовановски ги погледнал сите докази што биле готови до вчера, но не му било дозволено да ги види записите од сослушувањето на вториот осомничен Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец.

-Тир ипол часа гледавме што има во предметот на јавното обвинителство. Ќе продолжиме во наредните неколку дена кога материјалите ќе бидат технички подготвени. Едно нешто што не го разбирам како адвокат на одбраната е зошто не смееме да го видиме записникот од сослушувањето на осомничениот Зоран Милевски, со образложение дека тоа можеме да го бараме од неговите бранители. За мене е неразбирлива таквата позиција затоа што истрагата заврши“, рече Дуковски.

Милевски е еден од тројцата осомничени во случајот „Рекет“ кој беше преместен во куќен притвор пред два дена.

Предистражната постапка за организиран криминал и корупција започна во почетокот на мај, а истрагата на 15 јули, кога беа уапсени Јовановски и Милевски, додека Јанева е во притвор од 21 август.

Тројцата, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од еден од најбогатите бизнисмени во Македонија Јордан Камчев за да му овозможат подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ .


Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран