Што да правите во периодот додека сте невработени?
Објавено во: Финансии 08 Мај, 2016
Периодот додека сте без работа може да го искористите на многу продуктивен начин.
Учете нови нешта
Учете јазици и подобрете ги вашите компјутерски вештини. Оваа вештина е потребна и може да ви помогне полесно да најдете работа. Збогатете го вашето познавање на англискиот јазик, гледајте филмови без превод, учете нови зборови. Познавањето на некој странски јазик секогаш е предност при вработување. Така ќе се чувствувате исполнето и ангажирано. Волонтирање
Има многу организации кои бараат волонтери. Волонтирајќи ќе се чувствувате корисно, ќе стекнете нови контакти и искуства. Читајте
Читањето опушта, ја подобрува меморијата, а воедно и ги развива квалитетите на личноста.
Најдете хонорарна работа
Ако работите хонорарно и се покажете добро, можеби ќе добиете препораки и шанси за вработување.
Пишувајте блог
Ова е добар начин да се претставите себе си во најдобро светло. Следете што е ново и актуелно во областа која ве интересира.