18 Мај, 2024
0.0272

Што да направите ако ви го пробијат мејлот?!

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Освен што е исклучително непријатно, хакирање на вашиот личен мејл може да ви навлече сериозни проблеми.

Има, меѓутоа, неколку работи што можете да ги направите за да се заштитат вашите податоци и да спречите идни напади, пишува PC World.

Еве кои се тие:

1. Заменете ја лозинката

Првото нешто што треба да го направите е да се оневозможи пристапот на хакерите до Вашата сметка. За таа цел веднаш сменете ја лозинка, а стремете се новата да нема ништо заедничко со старата и да е можно подолга.

2. Информирајте ги контактите

Хакерите може да го користат вашиот email, за да шират малициозен софтвер преку e-mail на вашите контакти. Затоа треба да се испрати предупредување по е-мејл на сите ваши контакти, за да знаат дека ако добијат сомнителен мејл од вас, треба да го игнорираат и отстранат.

3. Проверете ги поставките

Хакери може да ги менуваат поставките за да имаат лесен пристап до профилот ви во иднина или за да ги пренасочат пораките кои ги добивате на друг профил. Треба да ги проверите поставките на мејл сметките и да бидете сигурни дека сè е во ред.

4. Користете двофакторна автентикација

Двофакторната автентикација (или потврдување на идентитетот на корисникот во два чекори) е дополнителен слој на безбедност додаден кон стандардните корисничко име и лозинка. Гледајте на користењето на двофакторна автентикација како на редовното заклучување на влезната врата на домот или на вашиот автомобил со клуч, по што го вклучувате и системот за тревожење. Идејата е дека напаѓачот може да ја компромитира една од вашите методи за идентификација, но најверојатно нема да биде во можност да се справи со двете. Напаѓачите обично бараат лесни цели и избегнуваат да го инвестираат своето време во сложени активности.

5. Скенирајте го вашиот компјутер за вируси

Ако мислите дека е-мејл сметката ви е пробиена, исклучително важно е да дознаете дали вашиот компјутер не е инфициран со малициозен софтвер.

6. Проверете дали и друга ваш сметка не е компромитиран

Многу е веројатно пораките кои ги чувате во вашиот inbox, да содржат информации кои ќе им помогнат на хакерите да дојдат и до други ваши сметки. Одвојте си го потребното време и бидете сигурни дека сите ваши профили се безбедни. Ако сте ја користеле истата лозинка за неколку ваши сметки, побрзајте да ја поправите оваа грешка.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа