18 Мај, 2024
0.0288

Што би се случило кога одеднаш сите луѓе би исчезнале ?

Објавено во: Стил 22 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Група на научници се занимавале со интересна теза и така дошле до уште поинтереен, но, исто така, и поразувачки заклучок. Поточно, тие беа во потрага по одговор на прашањето: „Што би се случило на земјата да  одеднаш, од било која причина, луѓето ги снема?“    Еве до каков одговор дојдоа!

Ако би се случило одеднаш, во исто време од лицето на Земјата исчезнат баш сите луѓе, какви последици тоа би имало на нашата планета? Овој мисловен експеримент не го истражува само влијанието на човештвото на природата , туку и отпорноста на природата сама да се избори со наследството кои сме и го оставиле.

Пред се, електраните би престанале со работа, па земјата би останала без гориво и електрична енергија. Би завладеал мрак ама не и мака.

Набрзо 1,5 милијарди крави, 1 милијарди свињи и 20 милијарди пилиња би излеге на улиците во потрага по храна. Повеќето од нив ќе умрат од глад или набрзо ќе станат плен на кучињата и мачките. Многу расни мачки и кучиња, одгледувани во домашни услови набрзо би ја изгубиле битката со дивината. Кучињата и мачките наскоро би ги истребиле посилните и поголемите животни.

Иако можеби мислевте дека нивната популација расте, се излажавте бидејќи стаорците и другите штетници зависат од луѓето па нивната популација набрзо би исчезнала. Болви и вошките од истата причина брзо ќе изумрат.

Славните булевари и големи раскрсници ќе станат река, сите куќи со време ќе се запалат, а бетонските згради ќе се распаднат.

Сепак, една работа ќе остане да „живее“ и после луѓето, и после животните и после облакодерите и мостовите. Ќе остане нешто што ќе биде наше најдолговечно наследство.

Нашата пластика.