Штипјанецот отишол на бербер, доби масимална казна од 5.000 евра
Објавено во: Македонија 31 Март, 2020
Штипјанец за непочитување на мерките за задолжителна самоизолација, доби максимална казна од Јавното обвинителство - 5.000 евра. Станува збор за 32-годишниот штипјанец кој не бил пронајден дома од страна на епидемиолозите, а на еден ден пред да му истече мерката решил да отиде на бербер.
– Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопшти Основното јавно обвинтелство во Штип.
Станува збор за 100 дневни глоби, но секоја од нив чини 50 евра, така што ова е најголемата казна до сега изречена за лице кое не ги почитува мерките за карантин.