19 Мај, 2024
0.0329

ШТЕДЕЊЕ: Се враќаат депозитите во банките!

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

По априлското повлекување на депозитите од банките и зголемената побарувачка за девизи на менувачкиот пазар, состојбата се нормализира. Имено, дел од банкарите велат дека на почетокот од мај е регистриран зголемен прилив на депозити во банките, односно враќање на штедните влогови. “Регистиран е зголемен број на граѓани кои сега ги враќаат депозитите во банките, особено е забележано враќање на девизните депозитит. Се враќаат влоговите кои се чуваа дома, што секако е најнебезбеден и непрофитабилен начин на заштита на парите. Има и  случаи во кои од сеф, парите повторно се враќаат на штедна книшка. Во бранот на повлекување на депозитите, граѓаните изгубија  добивка од камата и трошок по основ на курсна разлика“, коментираат дел од банкарите од водечки банкарски групации во земјава. Пред неколку дена и од Народната банка соопштија дека состојбата се нормализира, но сеуште не е на исто ниво како претхдно. “За разлика од пред две недели, во последните неколку дена минимализирано е повлекувањето на депозитите и менувачкиот пазар, но состојбата сеуште не е на нормално ниво“ – изјави пред неколку денови гувернерот Димитар Богов. Со цел да го заштити денарот, односно да го дестимулира штедењето во девизи но и да го запре процесот на повлекување на депозитите, НБМ презеде неколку мерки. “Заради натамошно поттикнување на процесот на денаризација на депозитите во домашниот банкарски систем, Советот ја зголеми стапката на задолжителната резерва за обврски на банките во домашна валута со валутна клаузула. Со оглед на незначителното учество на овие обврски во билансите на банките, измените се исклучиво заради натамошно задржување на ниската склоност на економските субјекти за пласирање на овој вид на депозити во домашните деловни банки“, соопшти Народната Банка. Дополнително,  заради одржување и зголемување на депозитите во домашниот банкарски систем, банките од почетокот на оваа недела  можат да пласираат девизни депозити во централната банка по повисоки каматни стапки од тековните негативни каматни стапки, коишто преовладуваат на меѓународните финансиски пазари. Според НБМ, се очекува дека оваа мерка ќе придонесе за намалување на трошоците на домашните банки, што следствено би придонесло за повисоки каматни стапки за депозитите на нивните клиенти, домашните правни и физички лица.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат