18 Мај, 2024
0.0282

Шпански пензионери создале Утопија

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Група на шпански пензионери создаде своја Утопија. Тие ги здружиле нивните заштеди и создале здружение кое ги исполнува сите нивни потреби , физички и духовни. Радио Дојче Веле направи репортажа за пензионерското здружение Трабенсол, кое се наоѓа во планините северно од Мадрид. Во големиот парк, со пријатен утрински ветер, една мала група на постари луѓе изведуваат кигонг, кинеска медитативна гимнастика, и внимателно ги повторуваат чекорите на учителот. Сите тие се членови на здружението, кои собира педесетина пензионери и кои веруваат дека пронашле нов начин на живот во староста, со физичка и ментална хармонија и дека успеале да избегаат од економските тешкотии што ја потресоа Шпанија. Здружението и домот кој е изграден, настанале така што пензионерите на купче ги ставиле своите заштеди. И така е изграден комплексот, создаден точно за нивните потреби, недалеку од мирното мало место Торемоча де Харма. Заедништвото е главното мото на Трабенсол. Ниту еден од членовите не поседуваат стан во кој живеат, ниту е сопственик на трпезаријата или било која друга соба во куќата. Но секој од нив, во изминатите десет години, во проектот има инвестирано 150.000 евра, па сега за 800 евра месечно добива се што треба, од станот и оброци, па до социјалните активности, придружени од страна на експерти . Тоа звучи како многу, но всушност е евтино. Тие 150.000 евра, најчесто од продажба на куќа или стан во кој тие претходно живееле , всушност не е влог, туку залог. Значи, ако некој сака да ја напушти Трабансол, ќе ја добие својата заштеда назад. Така останува само една месечна претплата, и тогаш тоа навистина не е многу. "Ние не може да одиме во некои приватни старечки домови , бидејќи тие се премногу скапи ", вели Палома Родригез. "И ние не можеме да одиме во некои од државните домови за стари лица , бидејќи нема место, а постојат и многу луѓе на кои негата им е попотребна отколку на нас. Затоа сфативме дека мора да се направи нешто ", објаснува 70 -годишната весела вдовица која е претседател на здружението. Таа се преселила во овој дом минатата пролет , кратко време по завршувањето на неговата изградба. Се смешка кога го објаснува целиот проект кој и даде една нова смисла на животот и стави крај на нејзината загриженост дека ќе им стане товар на децата. Шпанија е земја во која воглавно се уште постојат блиски семејни врски. Но, таквите генерациски врски имаат свои граници. Според една студија на Обединетите нации , веќе во 2050. година речиси 40 отсто од населението на Шпанија ќе има 60 години или ќе биде дури и постаро.   А.А.  

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата