18 Мај, 2024
0.0278

Шопингот на „Смајли“ место маица му донесе скутер!

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Инстант лозот Смајли е игра на среќа на Државна лотарија на Македонија во која вистински уживаат сите кои се млади во срцето. Со овој инстант лоз се одбележува 20-годишнината на емотиконот смајли и уметноста на графитите. Овој најмлад член во семејството на инстант лотаријата, Државна лотарија на Македонија го пласираше на 1ви април 2011. Уште во првата седмица од продажба на лозот беше изгребан првиот скутер и тоа во Куманово. Во текот на вчерашниот ден  на штандот на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол, екипата на Државна лотарија имаше прилика да се запознае и дружи со најновиот член кој уживаше во забавата, но и добивките во Инстант лотаријата Смајли. Скопјанецот Владимир Спасовски ги доби клучевите од својот нов скутер до кој стаса благодарение на СМАЈЛИ. Владимир тргнал во шопинг, сакал да си купи маица, но планот го изменил кога го видел штандот на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол. Си купил 6 различни Инстант лоза и започнал да ја тестира среќата. Посакувал добивка и тоа автомобил, но среќата одлучила да добие скутер кој сега ќе има прилика да го вози по скопскиот асфалт. Инстант лозот СМАЈЛИ чини 30,00 денари, а нуди можност за освојување на еден од 35-те скутери: SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!. За повеќе забава во играта вклучени се и помали добивки од 50 и 30 денари што го прават секој трети лоз добитен и ги зголемуваат шансите за побрзо доаѓање до посакуваниот скутер. Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома, велат од Државна лотарија.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата