19 Мај, 2024
0.0272

ШОК ОД АТИНА: Новата Влада ја врти Грција кон Русија, властите во Киев ги нарекуваат неонацисти!

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Грција треба да направи геополитички пресврт кон Русија - изјавил Гаврил Аврамидис, портпаролот на десноцентричката партија на Независните грци која влегла во коалиција со Сириза, партијата победник на вонредните парламентарни избори на Алексис Ципрас. Според зборовите на Аврамидис, лидерот на Независните Грци - Панос Каменос - прашањето за геополитичките сојузи ги смета многу важни.

-Нашата партија е уверена дека свртувањето кон Русија е крајно важно. Не е случајно што Каменос на 15 јануари ја посетил Москва каде се сретнал со представниците на валдеачката партија и претседателот на надворешно-политичкиот одбор на Државната Дума Алексеј Пушков - изјавил Аврамидис.

-Од Москва веќе стигнал сигнал од министерството за земјоделство, Николај Фјодоров, дали Москва ќе -( ако се најде Грција под притисок) - ги укине контрасанкциите на нашата земја и почне да ја увезува нашата аграрна продукција. При тоа ја напоменал преспективата од 30 години - објаснил лидерот на Независните Грци. Секако, Аврамидис во име на својата партија изразил задоволство што рускиот гас ќе тргне преку Турција и Грција кон јужна и централна Европа.

Лидерот на партијата Сириза, Алексис Ципрас, остро ја осудил владата во Украина.

-Не смееме да приватиме ниту да ја признаеме неонацистичката влада на Украина - изјавил премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Сергеј Марков го поддржал тоа што Ципрас владата во Киев ја анрекува неонацистичка. Тој смета дека на тој начин Алексис е поборник на демократија и слобода, наспроти оние кои не ги признаваат фактите поврзани за не делата во Киев.

-Може долго да се дискутира, но се ова се банални факти. Ако некој политичар сега не ги признае, директно или индиректно (Лавров на пример ги признал индиректно) - тој до следното соборување на Порошенко од власт не може да се смета сериозен - изјавил Сергеј Марков.

-Во секој случај, не може да се смета за поборник на демократија и слобода. Бидејќи прво мораш да го осудиш главното кршење на демократијата во современа Европа, а тоа се - злочините во Киев, па дури потоа можеш да добиеш право да предаваш за демократија - навел во своето излагање Сергеј.

Дури и ако Ципрас биде принуден да ја корегира оваа позиција - нејзината суштина нема да се смени. Но на овој начин во Европската унија се појави првата влада која киевската власт директно ја нарекува - неонацистичка.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија