18 Мај, 2024
0.0300

Шкријељ ѝ возврати на Мизрахи: Прочитајте ги законите, па држете пресови

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Не е мирно ниту во Министерството за труд и социјална политика. 

Откако денеска Рашела Мизрахи, техничка министерка за труд и социјална политика, ги повика комисите во социјалните служби да почнат да ги изготвуваат решенијата на барањата за помош и нега од друго лице, бидејќи, како што тврди, во овој момент има 11.514 нерешени барања, и возврати дополнителната заменичка за труд од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ. 

Таа вели дека Мизрахи не ги познава законите, па затоа на денешната прес конференција се повикала на погрешен закон. Според Шкријељ, рокот за постапување по предметите е 60, а не 30 дена, како што тврди Мизрахи.  

Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита,  ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена“, пишува Шријељ во своето соопштение до медиумите. 

Таа потсетува и дека, оваа Влада, како што вели, изгради децентрализирани Комисии за помош и нега од друго лице, за разлика од едната централизирана Комисија којашто беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање.

„Во интерес на граѓаните сега поднесувањето на барања за помош и нега од трето лице е бесплатно, а со тоа што сега функционираат 15 комисии во повеќе градови низ државата услугата е доближена до граѓаните. Ја повикуваме министерката да не наседнува на текстовите кои и ги пласираат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, туку самата да се информира за законите и измените кои се направени“, повикува Шкријељ.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност