18 Мај, 2024
0.0756

Шилегов: Скопје тргнат од листата на најзагадени градови во светот

Објавено во: Македонија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска рече дека главниот град дека од оваа година повеќе не е на листата на најзагадени градови во светот.

Ова Шилегов го тврдеше на прес-конференцијата по повод почетокот на акцијата „Избери садење наместо палење“ со која на земјоделците и фармерите ќе им се дава органско ѓубриво (компост) доколку предадат билошко ѓубре како остатоци од бербата.

„Официјално оваа година Скопје е тргнат од листата на најзагадени градови во светот. За биолошко се добива органско ѓубре. Вакви мали работи кои наизглед се неатрактивни за медиумите го тргнаа Скопје од таа листа. 120 земјоделци лани ги предадоа остатоците од бербата наместо да ги запалат. Оваа акција оваа година се засилува и резултатите ќе бидат уште поголеми, рече скопскиот градоначалник.

Град Скопје во соработка со Халк Банка ќе врши бесплатно чистење на стрништата, а се очекува голем интерес кај земјоделците за оваа кампања што ќе доведе до намалување на загаденоста и спречување пожари. 

- Постојано сме на терен. Апелирам до земјоделците да дадат национален придонес и да не се уништуваат органските материи од кои произлегува хумусот. ПХ балансот на почвата се зголемува и исто така и содржините на хранливи материи.Ова време е периодот кога доаѓа горењето, но веруваме дека оваа програма ќе има влијание на околината на Скопје, рече Трајхан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Остатоци од бербата ќе се преработуваат во објект на Град Скопје.  Ако еден фармер го предаде остатокот од неупотребливиот отпад од 100 килограми ќе ќе добие компост од 30 килограми, предвидува програмата. Од ланската пионерска програма собрани се 700 метри квадратни ѓубриво на овој начин.

Шилегов и Димковски рекоа дека подигнувањето на свеста ќе продолжи со едукативни програми и дека нема да има казнување и ограничување на субвенции. 

- Оваа кампања која ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион, годинава е поддржана од Халкбанк, чие вклучување е резултат на посветеноста на банката на активности насочени кон подобрување на животната околина. Халкбанк како еко ориентирана компанија која низ годините применува и поддржува бројни еко политики и проекти, со задоволство ја дава својата поддршка кон проактивноста на институциите за реализација на активности кои имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот и воопшто, на квалитетот на животната средина. Како резултат на ориентираноста кон еколошките проблеми, велат од банката која е вклучена во проектот.

Халкбанк неодамна лансираше и мобилна апликација - HalkEco со која банката директно придонесува за почиста животна околина а и влијае на формирање здрави навики и на подигање на еко свеста како индивидуална одговорност за животната средина. Благодарение на ХалкЕко и нејзините корисници, банката има засадено над 6.000 дрвја во државата и забележува намалување на CO2 за 23.370 Кг


А.К.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност