Шест знаци кои укажуваат на тоа дека нема да се збогатите
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016
Некои луѓе се збогатуваат преку ноќ, други со напорна рабтота. Наредните шест ставки може да ви откирјат дали воопшто сте материјал за богаташ.
Ориентирани сте на штедење наместо на заработка
Штедењето е клучно за градење на богатство, но не заборавајте дека би требало и да заработувате. Меѓудругото, за да заштедите, треба нешто и да заработите.
Уште не сте почнале да инвестирате
Еден од најефикасните начини да заработите пари е да ги инвестирате. Што порано, тоа подобро. Милионери годишно вложуваат 20 посто од своите годишни приходи, а нивното богатство не зависи од тоа колку ќе заработат туку каде ќе ги инвестираат своите пари.
Задоволни сте со фиксна плата
На луѓето воглавно најважно им да имаат договор и фиксна плата, но богаташите секогаш избираат да бидат плаќани по резултат на својот труд и воглавно се самовработени. Не е дека има нешто лошо во фиксната плата, но таа е најчесто најбавен пат до богатството, додека сопствената работа секогаш е многу побрз начин кон подобра и поголема заработка.
Купувајте го она што не можете да си го дозволите
Дури ни најголемите богаташи од својата прва заработка не купуваат луксузни автомобили туку чекаат нивното богатство да се зголеми двојно или тројно па дури тогаш почнуваат да трошат.
Излезете од зоната на комфорот
Ако сакате да бидете успешни и богати понекогаш мора да ризикувате.
Не знаете што со парите
Колку и да заработувате, мора да имате план што сакате да направите со тие пари. Богатите луѓе точно знаат зошто нешто сакаат, и како да дојдат до тоа.