18 Мај, 2024
0.0384

Шекеринска со две свои соработнички славеше во „Песталоци“

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера прослави 50-годишнина од постоењето на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во скопската населба Буњаковец, општина Центар, каде што министерката за одбрана ги има поминато своите училишни денови.

Со неа заедно на фотографијата, која ја објави на „Фејсбук“, се и Паула Дабовиќ, најблиската соработничка на министерската Шекеринска, како и Лидија Јанчовска Христова, портпарол на Министерството за одбрана. Со нив од иста генерација на фотографијата на Шекеринска е и Олга Панго, директор на Македонска опера и балет.

„Мојата генерација од Песталоци! Среќни што сме повторно заедно!“, напиша Шекеринска на својот профил на „Фејсбук“.

Во ова училиште кое е изградено со швајцарска донација по скопскиот земјотрес и во таа чест го носи името на познатиот швајцарски педагог има учено и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не дојде на прославата затоа што се наоѓа службено во Романија.

Поради обврски во Романија, за жал денес ќе го пропуштам дружењето по повод 50 годишнината на нашето училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”. Еден голем филозоф вели никогаш да не го заборавиме детето во себе. Толку многу должам за ветерот во едра, на мојата учителка Душка и на сите други прекрасни педагози во Песталоци. Тие беа како лакот за стрелата: ни дадоа добар правец и сила да се впуштиме во животот.

Вечно благодарен, Никола“, напиша Димитров.

Инаку забавата во училишниот двор траеше до доцна со програма и познати бендови за најмалите, но и за повозрасните кои одамна тука го завршиле основното образование.


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци