ШАРЛ МИШЕЛ ПОРАЧА: Западен Балкан да продолжи со рефромите
Објавено во: Свет 07 Мај, 2020
Преку социјалните мрежи,
веднаш по завршување на Самиотот за Западен Балкан кој се одржа преку видео
конференција, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел упати порака до
земјите од Западен Балкан дека основно нешто е да се продолжи со реформите.
Во изјавата тој вели:
-Партнерите од Западен Балкан мора да останат посветени на спроведување на реформите, добрососедските односи и на нивниот европски пат. Во март, со политичка волја Европската Унија ги надмина разликите за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и испрати силна порака до регионот. Реформите мора да продолжат во неколку сектори: владеењето на правото, демократските вредности и во борбата против корупцијата. Тие се важни затоа што се во корист на граѓаните и придонесуваат кон зајакнување на партнерството на Унијата и Западен Балкан, изјави претседателот на ЕС, Шарл Мишел.