04 Мај, 2024
0.0281

Шарената револуција мора да остане шарена!

Објавено во: Економија, Колумни 26 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Деновиве улиците низ Македонијава се шарени. Шарени од луѓе кои припаѓаат на различни социјални, етнички, религиозни групи. Различни, а обединети во една цел – враќање, или подобро конструирање на нормалноста. Намерно ја апострофирам оваа индиректна цел, иако директната е секако паѓање на оваа аздисана власт како услов за враќање на нормалноста. Или ако сакате, поводот е оваа криминално-автократска власт, но причинитесе многу подлабоки – тоа е борба за едно поправедно општество во кое секој поединец ќе биде важен. Борба, за ова никогаш повеќе не ни се случи оти подобро–заслужуваме! Или можеби само јас така ги разбирам работите? Повод за оваа колумна е наводниот „инцидент“ што се случи на минатонеделните протести кога се појави транспарент кој беше „и против Груевски и против Заев“ и тоа беше основ за извесни поделби помеѓу протестирачите. Кои се импликациите и пораките што во оваа прилика мислам дека се важни да се испратат? Прво, фронтот не смее да се подели и раситни по ниту една основа, ма макар тоа да било и тоа што дел од протестирачите се против Заев. Затоа што, уште еднаш – директната цел е пад на режимот што може да се постигне само ако сме обединети! Но, второ, баш заради потребата од единство, протестирачите од своите редови не смеат да ги „исклучуваат“ оние кои не се „за“ Заев, само заради тоа што не се „за“ Заев. Оти видете, така исклучувате над 30% од граѓаните, колку што впрочем е процентот на оние кои се подеднакво незадоволни како од позицијата така и од опозицијата. Но, бројките мислам во случајов се најмалку важни. Суштината е поважна. А суштината е дека ова општество мора да стане демократско. А такво не може да биде ако исклучува по било која основа, па макар и таа што некој е против Заев. Овој процес на бутање на режимот мора самиот да биде демократски. Во овој процес, кој во својата отрезнувачка, освестувачка суштина е катарзичен, треба да се постави основата на демократијата. А таа може да произлезе само и единствено ако самиот процес како таков е демократичен. Имено, во науката постои една аксиома – не можете да го барате во последицата она што не било во причината, или последицата не може да содржи нешто повеќе од она што го произвела причината. Во таа смисла, не можете да очекувате резултатот да биде демократизација, ако самиот процес ви е недемократски. Ако истата автократска, исклучувачка матрица е присутна помеѓу „шарените револуционери“, тогаш исходот ќе биде ист – само ќе се променат ликовите и партиите на политичката сцена. Не можете да го демонтирате „монструмот“ со монструозни средства и во резултат пак да не добиете монструм. Драги мои, длабоко погрешна е Макијавелистичката идеја (која, да бидеме коректни, самиот Макијавели ја нема никаде формилурано во таква форма), дека „целта ги оправдува средствата“, туку попрво е обратно. Впрочем, длабоко сум убеден дека клучната фалинка на оваа аздисана власт е нивното фанатично верување дека чинат добро на оваа нација (тие и само тие и никој друг пред нив, ниту никој друг по нив) и дека заради тоа, заради таа цел, сите средства што ги употребуваат им се оправдани: и закани, и уцени и корупции и местење избори...Сето тоа се оправдани средства во името на вишата цел: да го воздигнат овој библиски народ до заслуженото место во светската историја! Таквиот месијански комплекс, всушност и ги доведе до тоа да се служат со сите расположливи средства како оправдани и легитимни без „око да им трепне“. Затоа, не може драги мои, „револуционерите“ да се дисциплинираат на истиот начин, да се воведува ист манир на автократија, да се инсистира на иста таква култура на дисциплина, затоа што автоматски и исходот ќе биде таков – автократски.„Револуцијава“ е шарена не само заради тоа што е опозит на белиот, монотон мермер на унифицираниот наратив олицетворен во „Скопје 2014“, не само заради тоа што самото шаренило на некој начин претставува „освеченување на гневот“ што се таложи во изминатата декада, туку пред сè и над сè заради тоа што се праќа порака дека разликите значат и дека секој поединец значи. Новата Македонија која што ќе ја градиме, драги мои, не смее да „ексклузивна, ами „инклузивна““! Македонија што ќе прифаќа, а не што ќе отфрла. Македонија што нема да дискриминира некого само затоа што не е како „нас“. Македонија што ќе го прифаќа другиот не како свој, ами баш како различен, и баш затоа свој. Таква ја сакам мојата Македонија, впрочем, таа е токму таква! Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски