Сепак ќе одиме на летен одмор, со маски и оддалечени
Објавено во: Свет 20 Април, 2020
Со други хигиенски мерки и со поголема физичка дистанца, ама ќе одиме на летни одмори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за весникот „Еспресо“ вели дека Европјаните ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор и покрај пандемијата на коронавирусот.
„Мислам дека ќе најдеме паметни решенија за летните одмори. Можеби малку поразлично, со други хигиенски мерки и со малку повеќе физичка дистанца, но ќе биде импресивно да се види дека ќе најдеме решение, изјави Фон дер Лајен во интервју за весникот „Експресо“.
Таа додала дека е тешко да с епредвиди каков ќе биде следниот месец но дека полека сите се навикнуваме да живееме со вирусот.
Во однос на одговорот на ЕУ на пандемијата, Фон дер Лајен призна дека имало „критични моменти“ на почетокот на кризата, но додаде дека „по неколку дена земјите сфатиле дека не можат сами да управуваат со неа“, по што координацијата се подобрила.