СЕМЕЈСТВАТА ИЛИ ФИРМИТЕ: Кој им должи повеќе на банките
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018
3 милијарди денари повеќе од домаќинствата им должи корпоративниот сектор на домашните банки.
И двата сектори имаат скоро идентичен долг ако се споредат сумите заклучно со октомври годинава.
157,3 милијарди денари е сумата која фирмите им ја должат на банките, додека пак долгот на семејствата е 154,3 милијарди денари.
Ако се погледнат податоците вво 2016 долгот на домаќинствата изнесувал 129,3 милијарди денари, а на фирмите 154,2 милијарди денари. Вкупниот долг на двата сектори е над пет милијарди евра.
Повеќе детали за тоа како домаќинствата стасаа да должат колку и фирмите читајте тука.