04 Мај, 2024
0.0270

Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може(и)

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Фондација за одржлив развој ПРЕДА Плус го одржа својот ДЕМО ДЕН на 9 Април во Битола - кој беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth. 

Во претходните три месеци, учесниците на Employouth имаа можност да бидат дел од интензивна менторска и тренинг програма за креирање и водење на успешен бизнис. Над 20тина млади луѓе со интересни идеи за започнување бизнис ги кристализираа преку развој на лични перформанси водени од 10тина ментори од земјата и странство, а координирани од Игор Изотов- иновациски консултант и гуру за лансирање на стартапи. 

Тие на овој Демо ден во 3 минутни презентации ги претставија своите бизнис планови пред инвеститорите. Маријана Милевска - Преда Плус Фондација .

"Пет години работев во Скопје за Швајцарски проект со пет играчи во стартап системот во Македонија. И можам да кажам дека има големи разлики на ниво на организираност и разбирање на стартапите во Скопје споредено со Битола и Пелагонискиот регион. Овде имало вакуум, немало никаква поддршка на претприемничките идеи освен стандардната понуда на државните институции преку нивните мерки за самовработување. Тие продуцираат претрпиемништво со цел да се најде работа, а не претприемништво базирано на иновација. Ова е прва програма која понуди извонредна можност, младите луѓе доколку имаат идеја која е иновативна, да ја искрастилизираат со помош на менторите кои ние им ги нудиме бесплатно. Интересот е одличен ако се земе предвид тој петгодишен вакуум. И како пилот програма можеме да кажеме дека сме задоволни.Тоа Демо денот и го покажа.” - изјави Маријана Милевска од Преда Плус Фондација. 

Преда ја креираше акцелератирската програма и ја предава на ФИКТ, кој со овој проект се здобива со простор каде ќе го смести акцелераторот. 

Практично ФИКТ добива проект, избира менаџерски тим кој ќе го води во идниот период кога ќе биде практично одговорен за неговата одржливост. 

“Од Битола се може(и)” започна со 27 успешни поединци кои ги раскажаа своите приказни за патот кон успехот и ги мотивираат младите кои се на нивниот старт од патеката на претприемништвото. Менторството е во суштина менаџирање на очекувањата. Надворешен човек секогаш пообјективно согледува работите. Затоа посветивме особено внимание да селектираме исклучително инспиративни личности, посветени на личната кариера кои ќе умеат да ги разбудат од зимски сон овие млади луѓе.” - изјави Игор Изотов- иновациски консултант .

Организиран како дел од Еmloyouth - Универзитетска пилот програма за стартапи во пелагонискиот регион, проектот е финасиран од ЕУ преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција, а имплеметиран од PREDA Plus Foundation & Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола Информации за ПРЕДА Плус ПРЕДА Плус е Фондација за одржлив економски развој којашто во изминатиот период ја игра улогата на поддржувач и партнер на играчите во екосистемот на стартапи во Македонија. 

Во периодот помеѓу 2015-2018, учествуваше во јакнењето на повеќе клучни играчи на овој систем преку најразлична поддршка: – Меѓународни ментори на Сивус Инкубатор во нивната пред-акцелераторска програма – Развиена нова услуга за евалуација на ИТ Фирми на SEEU Tech Park – Поддржана институционализација на Стартап Зона – Меѓународна експертиза за концепт модел на Create Hub, Комора на Северозападна Македонија – Меѓународна експертиза со цел развој на бизнис модел на БИТХАБ и пилот пред-акцелераторска програма .

Овие програми и нивната поддршка според мониторинг системот по меѓународен стандард успеа да креира над USD 564.000 дополнителни приходи преку обезбедување на 109 нови клиенти и 15 нови развиени производи и како резултат на тоа да генерира 96 вработувања (83% млади).


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото