19 Мај, 2024
0.0253

Секој граѓанин должи „невидливи“ 2100 евра!

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија должи 4 милијарди и 224 милиони евра. Толку изнесувал вкупниот јавен долг на земјава на крајот на декември минатата година. Според овие последни податоци на Министерството за финансии јавниот долг на земјава на крајот на декември изнесува 47% од бруто домашниот производ. Во септември 2015 година јавниот долг изнесувал 3 милијарди и 941 милиони евра, или 43,9% од БДП. Ова значи дека за само три месеци, државата го зголемила јавниот долг за сума од 284 милиони евра, односно за само еден квартал јавниот долг е зголемен за 3,1%. Состојба на Јавен долг Јавен долг Јавен долг како % од БДП · септември 2015 3, 941.000.000 евра 47% · декември 2015 4,224.000.000 евра 43,9% Ако во Македонија живеат два милиони луѓе, тоа значи дека, секој еден граѓанин, државата го задолжила со нешто повеќе од 2.100 евра При тоа, ако се анализира структурата на јавниот долг, тогаш ќе се види дека во декември 2015 година Македонија на надворешните пазари должи 2 милијарди и 845 милиони евра, додека на домашниот пазар должи 1.379 милиони евра. Или вкупно 4 милијарди и 224 милиони евра. Во периодот од септември до декември 2015 година, раст има и кај надворешниот и кај внатрешниот долг. Односно, за само три месеци земјава го зголемила јавниот долг за 191 милиони евра, а додека во истиот период внатрешниот долг е зголемен за 93 милиони евра. Државниот долг изнесува 3 милијарди и 450 милиони евра, а гарантираниот долг на јавните претпријатија 774 милиони евра. Или вкупн 4 милијарди и 224 милиони евра, колку што изнесува вкупниот јавен долг. Анализата на податоците покажува дека државниот долг во периодот од септември до декември е зголемен за 217, 6 милиони евра, додека гарантираниот долг на јавните претпријатија е зголемен за 66 милиони евра. Тоа е нешто повеќе од 283 милиони евра, односно колку што изнесува вкупното зголемување на јавниот долг. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат