15 Мај, 2024
0.0263

СЕКОЕ ЗНАЕЊЕ НОСИ ПАРИ: Ова е хоби со кое може да се потполни домашниот буџет

Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Секое знаење и вештина може да се продаде, да се претвори во пари и да му олесни на домашниот буџет.

Ива Урдаревиќ Спировска, (25) од Скопје, со изработка на накит почнала да се занимава пред неколку години. Стартувала како самоука во студентските денови, пред сѐ како хоби. Информации за тоа како треба да се работи добивала по пат на интернет. По извесно време почнува и да заработува од ова свое креативно хоби.

„Отпрвин почнав со ситни корекции на обетки и ланчиња, потоа почнав да купувам монистри од најразлични материјали (дрво, пластика) и да ги  составувам. Сѐ уште учам и се инспирирам од видео туторијали, популарните „Направи сам“. Работата не е тешка, единствено што треба е трпение. Продажбата на рачно изработениот накит и додатоци можат да бидат само дополнување на домашниот буџет“ – вели таа.

Оваа девојка вели дека изработката на накит не е напорна ако имате  даден модел или некоја замисла.  Сепак, вели дека изборот е голем и конкуренцијата е голема, а со тоа е тежок и патот до купувачот и крајна цел заработка.

„На пазарот можат да се најдат многу разновидни модели на готови парчиња накит, па затоа е малку потешко за да се продадат изготвените парчиња. Дневно можат да се направат поголем број парчиња ако се тоа едноставни нанижани нараквици или обетки, досега 'под полна пареа' во 2 дена сум изработила 100 алки, во 3 различни модели кои беа нарачани за продажба од блиски пријатели во Чешка“ – додава Урдаревиќ Спировска.

Објаснува дека ова е интересна работа со која си го исполнува слободното време, а заработка има тогаш кога накитот е по вкусот на купувачите. Урдаревиќ Спировска вели дека накит купуваат припадниците и на двата пола, за себе или за подарок.

Во последно време многу млади девојки наоѓаат извор на приход во изработката на накит, а со помош на социјалните мрежи се трудат да покажат што знаат и умеат и да го продадат она што ќе го изработат. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка