15 Мај, 2024
0.0331

СЕГАШНИ И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ - се посилен притисокот врз лидерот Мицкоски за вонреден конгрес

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Не стивнува притисокот за смена на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На таа тема се огласи и Борче Стамов, некогашен градоначалник на Дојран, член на Иницијативниот одбор за свикување на 

„Бројот на делегати на конгресот, актуелни и поранешни партиски функционери, или општо членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се приклучуваат кон идејата расте секој ден. Тоа ни дава право да заклучиме дека сме на вистинскиот пат“, рече Стамов, на денешната прес-конференција пред Музејот на ВМРО.

„Долгогодишна пракса во западните демократии, но и во светот е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Овој чин претставува практикување и почитување на демократијата и демократските вредности“, нагласи Стамов, додавајќи дека претходните претседатели на партијата Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, при првиот свој пораз го запазиле овој стандард.

Стамов смета дека единствениот легитимен партиски орган кој би можел да дискутира за состојбата на партијата е Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, со што го повика Христијан Мицкоски да свика вонреден конгрес.

„За да се избегнат натамошни поделби најдобро е Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да свика вонреден конгрес. Оттука, го повикувам претседателот да покаже демократски капацитет и уште утре да свика и закаже вонреден конгрес. Ако претседателот на партијата е сигурен во довербата на членството, за него е најдобро да се повлече, па конгресот кој го избра да има шанси повторно да се изјасни за доверба кон него“, подвлече Стамов, нагласувајќи ја неговата лична желба за обединување на ВМРО-ДПМНЕ.

А преку статус на социјалните мрежи слично барање до Мицкоски објави и Марина Кавракова, актуелна претседателката на градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје и членка на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потсети што кажал и ветил Мицкоски на конгресот кога беше избран за претседател и каква е реалноста денеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ не ги коментира таквите барања за вонреден конгрес и оставка на претседателот на партијата, а на новинарско прашање на прес-конференција портпаролот Димче Арсовски само кажа дека партискиот лидер Мицкоски редовно ги извршува тековните обврски.

„Во однос на тоа прашање, за барањето оставка од поранешни функционери што одлучиле да му слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против неговиот криминал, не би имале што повеќе да додадеме и веќе неколкупати го имаме кажано нашиот став. Претседателот на партијата господинот Мицкоски е тука со секојдневните свои тековни обврски“, рече Арсовски. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци