Сега опозицијата не е задоволна од анкетите, ама бара избори
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
ВМРО-ДПМНЕ смета дека анкетата на БРИМА Галуп според која СДСМ и новиот премиер Зоран Заев имаат највисок рејтинг не ја одразува реалната состојба, но и покрај тоа тие не се плашат од нови парламентарни избори за кои посакуваат да се распишат што е можно побрзо.
- Очигледна е организираната тенденција на анкетоманство која е со цел храбрење на членството на СДС и создавање на лажна перцепција. ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува анкетата и го охрабруваме СДС да продолжи со своите активности и што поскоро да закаже предвремени парламентарни избори каде ќе биде вистинската анкета на волјата на граѓаните, се вели во реакцијата на опозициската партија.