Сега имаме 177 болни од коронавирус, нови 29 случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020
Во изминатово деноноќие се зголемил бројот на новозаболени од коронавирус во земјава.
Има нови 29 случаи, со што вкупната бројка е 177.
Вчера, пак, имаше 12 новозаболени, што беше добра вест, но сега повторно се регистрира повисок број на заболемите.
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.