02 Мај, 2024
0.1264

Седници на РКЕ за утврдување на тарифата за вода и дистрибуција на гас

Објавено во: Економија 31 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи две подготвителни седници на кои ќе се одлучува за решението за утврдување тарифа за снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на население, на АД Водостопанство на РМ Скопје, подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово и за измените на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.

Преку соопштение до јавноста денеска реагираше невладината „Но пасаран“  во кое наведува:„Здружението за заштита на граѓанските права Но Пасаран присуствуваше на работните групи за формирање на цените во новата грејна сезона 2018-2019 и изрази загриженост дека скопјани можат да останат без парно греење. Според тековната економска,дневно- политичка и должничка ситуација, како и судските процеси, компаниите, врзани садови, Те-То, Топлификација и БЕГ од септември многу веројатно ќе одат во стечај. Доколку на почетокот на оваа грејна сезона му се дозволи на Балкан Енерџи Снабдување ДООЕЛ авансно да наплатува за август и септември, БЕГ овие средства од граѓаните нема да ги искористи за набавка на гориво, развој и санација туку за враќање на долг кон Топлификација АД. Град Скопје со формирањето на Градски Енергетски Системи после добивање на лиценците од РКЕ ќе ги преземе Дистрибуиција и Снабдување, но бидејки парите на граѓаните ќе бидат потрошени ќе се јави недостаток од пари за купување на гориво за производство на топлинска енергија. Овој минус ќе мора да го покрие Град Скопје, Владата или скопјани. Затоа ја предупредивме РКЕ да превземе дополнителни гаранции против ова сценарио“.

Невладината бара Град Скопје да ги преземе Дистрибуција и Снабдување со Топлинска енергија, во Производство што повеќе да е присутна државната ЕЛЕМ Енергетика и дистрибутивната мрежа да му се врати на Град Скопје, како и контролата на производствените погони на Топлификација.

РКЕ на претходната седница на која присуствуваа и претставници на „Но Пасаран“, донесе одлука да ги намали сметките за топлинска енергија, признаените трошоци на компаниите, одлучи да ги намали маржите, како и паушалот се’ додека не се донесат новите Правила за снабдување.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија