Седми ден од конститутивната седница, избор на спикер уште нема
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Седми ден ќе има расправа во Собранието како дел од конститутивната седница.
Точките на дневен ред за избор на претседател на комисијата за прашања на изборите и именувањата, заменик на претседателот, членови и нивни заменици, како и изборот на нов собраниски спикер не стигнуваат на ред за разгледување.
Претходно шест дена имаше многу реплики и контрареплики на седницата.
Претседавачот Трајко Вељаноски повторно ги повика пратениците да се откажат од репликите и контрарепликите за поскорешно завршување на седницата за состав на Комисијата за избори и именувања, по што би следел и изборот на претседател на Собранието.
По една недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера дојде во Собранието.