18 Мај, 2024
0.0318

Се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Речиси половина од светското богатство е во рацете на само еден процент од населението. Само 85 најголеми богаташи поседуваат онолку колку што поседуваат половината најсиромашни луѓе во светот, покажа истражувањето на невладината организација „Оксфам“, објавено во пресрет на Светскиот економски форум во Давос. Фрапантните податоци за економските разлики покажуваат дека и покрај кризата, најбогатите успеале да го зголемат својот приход во 24 од 26-те земји за кои постојат расположливи податоци. Дури 70 отсто најбогатите во светот живеат во земјите во кои економската нееднаквост е зголемена во последните 30 години, стои во извештајот. Растот на нееднаквоста во светот е поттикнат и од мерките за штедење, неповолната политика на вработување во поглед на жените, конфискација на данокот од продажба на нафта и рудна експлоатација. Притоа, „Оксфам“ заклучува дека постои поврзаност меѓу екстремната економска нееднаквост и узурпацијата на политичката моќ од страна на богатата елита. Извештајот на оваа меѓународна организација ќе се најде на маса пред повеќе од 2.500 претставници на влади, бизнисмени и официјални претставници од 100-тина држави од целиот свет, кои ќе се соберат во Давос неделава и ќе разговараат за сè поголемиот диспаритет на приходите како најголем ризк за напредокот на човештвото.  

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата