17 Мај, 2024
0.0307

СЕ ВРАЌА НАДЕЖТА ВО ПРЕСПА: По дождот и снегот се подобрува водостојот на езерото

Објавено во: Македонија 30 Март, 2021

Добивај вести на Viber

По врнежите од снег и дожд кои ги имавме во изминатиот период, водостојот на Преспанското езеро се подобрува. Ова го потврдуваат од Општина Ресен.

Велат дека по критичниот водостој кој беше регистриран претходно, сега е многу подобро и се очекува дека во месец мај кога снегот целосно ќе се истопи, езерото ќе има плус 60 сантиметри водостој, количина на вода која претходно ја изгуби. Очекуваат дека овој позитивен тренд ќе се задржи и ќе им донесе повеќе туристи летово.

„Има позитивни резултати поради снеговите и дождовите. Тоа ќе биде добро и за туризмот особено во време на пандемија,  луѓето ќе можат да одат во Охрид, Дојран, во Преспа и да уживаат во природното богатство кое го имаме“, вели Ајман Ал Маала, раководител на секторот за животна средина во Општина Ресен.

Румјана Георгиевска жител на селото Претор  објаснува дека сега езерото е во подобра состојба, но тоа според неа е моментално.

„Езерото за некои 13 сантиметри е надојдено на брегот. Но, тоа е моментална состојба и доколку не се преземат мерки од надлежните, ќе биде исто како минатата година или полошо. Ние сме староседелци овде и секоја година го следиме водостојот на езерото. Ако потоа имаме суши, езерото пак ќе се врати по старо, ќе се повлече. Лани да не беше плажата во Сливница, јас немаше да имам ниту еден гост, иако издавам соби. За оваа година мислам дека ќе капитулираме“, додава таа.

Сања Петровска која издава соби во селото Стење е оптимист. Вели дека ако езерото надојде, ќе има и повеќе посетители.

„Таму е многу убаво, природата е прекрасна, плажите се со ситен песок, и доколку најдојде езерото очекувам дека ќе има повеќе гости“, рече таа.

Во Преспа педесетина физички лица нудат сместување за туристи. Лани над 4.500 луѓе одморале на ова езеро, претежно домашни гости. Изминативе години езерото се повлекуваше, како резултат на климатски промени, суши и човечкиот фактор. Освен во Македонија, оваа појава беше забележана и во Албанија и Грција. Критични периоди за водостојот на Преспанското езеро имаше во 2008 и 2009 година, по што во 2016 и 2017 година имаше нормализација.  Во далечната 1963 година имало поплави и тогаш езерото имало највисок водостој досега. Оваа година во месец март падна снег во земјава, што придонесе да има и повисок водостој на реките во земјава.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер