СЕ СПОИЈА НЕБО И ЗЕМЈА - силен дожд во главниот град
Објавено во: Македонија 08 Август, 2020
Се споија небото и земјата.
Силен дожд врне во главниот град.
Откако денеска времето беше топло и од утрото сончево, потоа дојдоа облаци, кои вечерва предизвикаа силен дожд.
Дождот е проследен со молњи и грмотевци, а и силен ветер.
Дождлив ден се очекува и утре, а од понеделник ќе дојде до стабилизација и сончеви денови.