СЕ СЛУШАЛ ВО БОМБИТЕ - Ристо Ставревски дисквалификуван од заменичката за шеф на СВР Скопје
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020
Ристо Ставревски не е прифатлив да биде шеф на Секторот за внатрешни работи Скопје, за заменичката министерка во МВР, Славјанка Петровска.
Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, објави Алсат.
Информацијата за Алсат Петровска ја потврдила, нагласувајќи дека добила вкупно 11 решенија, од кои потпишала 10, а го дисквалификувала Ставревски. Тој не бил прифатлив бидејќи се слушнал во бомбите за изборни нерегуларности.
Предлогот за негово именување го дал техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ.