Се појави држава која повикува на преговори меѓу Израел и Палестина, но да се вклучат и четири други земји
Објавено во: Свет 16 Мај, 2021 13:04
Москва им предложи на Израел и Палестина да преговараат во Русија.
Претседателот на комитетот за меѓународни работи на Руската државна дума, Леонид Слуцки, изјави дека официјална Москва е подготвена да им понуди на Израел и Палестина да водат преговори. Русија предлага да се формира малку поинаков „квартет“ во преговорите, во кој би биле вклучени и земјите од Блискиот Исток. Тие сметаат дека покрај Израел и Палестина, треба да се вклучат и оние арапски земји што имаат дипломатски односи со Израел - Египет, Јордан, ОАЕ и Саудиска Арабија.
Израелските авиони и денес продолжија со воздушните напади во Појасот Газа, а припадниците на Хамас возвратија. Палестинците денес пријавија 11 загинати на окупираниот Западен брег во судири меѓу демонстрантите и израелските безбедносни сили. Од понеделникот во Појасот Газа се убиени 139 луѓе, од кои 39 малолетни лица и 22 жени. Во судирите 950 луѓе се повредени, соопштија палестинските здравствени власти. Секој неселективен напад врз цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право, вели генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш. Светот се подели. Муслиманските земји даваат поддршка на Палестинците, а европските земји на Израел.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




