18 Мај, 2024
0.1078

СЕ ПЛАШАТ ОД КОРОНА: Ги прашавме граѓаните зошто (не) прават залихи?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните се плашат од ширењето на коронавирусот, и не знаат кога животот во земјава ќе се нормализира.

Дел од нив имаат залихи со храна, а дел не, од причина што живеат од први до први, и немаат вишок средства. Дополнително загрижени се што ќе се случи со нивните приходи, откако движењето на луѓето и работата на фирмите се сведе на минимум.

„Немам ништо купено, ниту мислам да купам. Нема потреба, но и немам средства“, вели Снежана Петковска, граѓанка.

Весна Николовска, вели дека стравот кај граѓаните е оправдан, но таа лично не купила намирници.

„Мене ова ме плаши. Во Германија станува многу лошо, и навистина немам претстава кога ова ќе заврши. Немам доволно средства за да купам резерва храна, но сепак не би се тепала за брашно, тоалетна хартија и слично. Да имав повеќе пари на располагање, можеби ќе размислев да купам нешто повеќе, но не по цена да се тепам во маркети за храна“, додава таа.

Во маркетите најчесто се купуваат тестенини, масло за јадење, средства за лична хигиена. Дел од маркетите го скратија своето работно време, за што ги информираа потрошувачите.

„Денеска ќе купам храна и пијалоци во вредност до 3.000 или 4.000 денари. Најпотребното и да не излегувам од дома. Ова ќе биде катастрофа, се плашам и за децата и за нас, и мислам дека овој хаос ќе трае месец дена. Ги оправдувам луѓето кои купуваат залихи со храна“, вели Нада Мустафовска.

Граѓаните би купиле и маска повеќе, но велат дека ги нема во аптеките. За купувањето храна велат дека народот не е виновен, напротив следат од медиумите што се случува и мора да бидат подготвени.

„Немам залихи на храна.  Другите кои купуваат храна не ги осудувам, тоа е нивно право. Јас очекувам за две недели состојбата да се стабилизира“, вели Рајна Давевска, граѓанка.

ИПСОС објави податоци од истражување кои покажуваат  дека младите се најмалку загрижени, а повозрасните групи кои се со најголем ризик се добро информирани. 

„Купив малку храна, она што често конзумирам и готвам, но ништо специјално“, рече Александра Станковска.

Во земјава Дебар и Центар Жупа се во кризна состојба. Земјите од регионот ги затворија границите. Косово и Србија прогласија вонредна состојба. Словенија го укина јавниот превоз, за да не се најде во состојба како Италија.

Во Македонија синоќа беше соопштено дека има пет нови заразени, а за двајца треба да се потврдат резултатите. 

Ковид 19 се појави лани, но во текот на 2020 година масовно се прошири во Европа. Најголем број на жртви има во Италија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8