СЕ ОГЛАСИ ЗАХАРИЕВА: Ќе се направи огромна грешка ако Македонија не почне преговори
Објавено во: Македонија, Балкан 16 Октомври, 2019
Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева вели дека одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија ќе ја влоши и дестабилизира ситуацијата во регионот.
„Бугарија го поддржа почетокот на разговорите и доколку нивниот почеток биде одложен за март следната година, тоа ќе биде огромна грешка“, оцени Захариева, пренесува БГНЕС.
Премиерот Зоран Заев најави дека ќе има одговорност, доколку земјава не добие датум за почеток на преговори. На европските лидери им порача дека не очекуваме прием веднаш, туку тоа е процес кој ќе направи трансформација. Додаде дека земјата го промени името, верувајќи во Европската Унија.