19 Мај, 2024
0.0292

СЕ ОГЛАСИ ДАМОВСКИ: Нинџа се чуди на два отсто доверба во Обвинителството

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за организирање на крвавите протести во Собранието на 27 април сведочеше дека бил присутен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде што, како што вели тој, се расправало за пари за движењето „За заедничка Македонија“, односно за собирање на 200 илјади евра, за водачите Борис Дамовски, Богдан Илиевски - Бетмен Велеит и Игор Дурловски, досега со реакција се јави само Борис Дамовски.

Дамовски со својот фејсбук статус всушност алудира дека Нинџа сведочи во корист на Обвинителството, за кое, пак, неодамна излезе анкета дека довербата на граѓаните во оваа институција е на најниско можно ниво, односно има доверба од само два отсто.

Тој го напиша следниов статус.

„Нинџа се чуди на два отсто доверба во обвинителство, а јас му шУпотам "не се саклдисуј, не си ти крив".

Дамовски објави и фотографија каде што заедно се на судење со Нинџа. 

Оперскиот пејач, пак, Игор Дурловски, немаше директна реакција во врска со ова сведоштво на Нинџа, но затоа пак имаше што да каже како критика за здравствените власти во врскла со нивното справување со корона кризата, па затоа сега, како што вели, бараат виновници, и затоа им се криви граѓаните.

Ова не е дрскост и ароганција, туку крајна несигурност на здравствените власти околу менаџирањето со корона кризата. Сите работи им излегуваат од контрола, па им останува само вината да ја префрлат врз граѓаните. Главната хаварија им се случи кога решија да одат на избори, мислејќи дека работите нема да им излезат од контрола. Останува сега да бараат виновници. И се знае, кога СДСМ е во опозиција, виновна е власта, а кога се на власт криви им се граѓаните“, пишува на фејсбук Дурловски.

Кај Бетмен Велит засега нема објава за овие наводи.

А Нинџа денеска сведочеше дека откако Никола Груевски не направи Влада, Штабот на ВМРО-ДПМНЕ измислил протести ‘За заедничка Македонија’ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи. 

„На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, рече поранешниот организатор на овие протести, Нинџа.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“