04 Мај, 2024
0.0275

Се одложува воведувањето на ГПРС фискални апарати, но таксистите ги мачи друг проблем

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи им ја укина обврската засега да воведат ГПРС фискални каси,  ама таксистите ги мачи нелојалната конкуренција. Велат има многу диви таксисти, а надлежните многу малку превземаат мерки. 

Воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите се одложува до крајот на декември оваа година, информираа вчера од Управата за јавни приходи.

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.121 од 02.07.2018 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2018 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2018 година. Претходно планираниот рок беше до 1 јули,  но се пролонгира.  Оваа обврска се одложува веќе со години. Уште во 2015 година беше кажано дека за 9.000 автотакси-превозници се продолжува рокот до 31 декември истата година.

За таксистите оваа новина е уште една обврска плус, велат дека не бегаат од давачки кон државата, но нив ги мачи големиот број на диви таксисти кои им ја земаат работата.

„Тоа е дополнителен трошок, јас имам два и пол месеци апарат и за мене ништо не е сменето во поглед на работата. Сите мора да имаат, но засега само кај мал број такси возила има ГРПС апарат.  Фискални сметки мора да се издаваат, не може да се избегне таа обврска, следат од УЈП. Но, има многу диви таксисти кои не плаќаат ништо и за нив никој не презема мерки. Другите возат и без документи, без табла, на црно, по цена како градски автобус. Катастрофа е и треба да се воведе ред“- вели такси возач од Куманово.

Велешанец кој возел такси до неодамна вели дека новата давачка им претстои на таксистите, а бројот на диви такси возачи смета дека во неговиот град е намален поради честите контроли од инспекцијата. 

Сопственик на такси компанија во Битола објаснува дека во градот нема такси возило со ГПРС апарат, а фискални таксиметри имаат од  120 до 150. Додава дека и во Битола има голем број на диви таксисти.

„Мора да се расчисти со нелојалната конкуренција за да имаме ние од што да заработиме и да плаќаме давачки. Дивите таксисти бегаат ако има инспекција, а тогаш ги запираат легалните такси возачи и за нив имаат забелешки. Колку да се каже дека се работи“- вели тој.

Додава дека сите треба да имаат исти права и обврски пред законот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?