18 Мај, 2024
0.0380

Се наврши една година од аболицијата - дали се исполнија барањата на „Шарената револуција“?

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Се навршува точно една година откако претседателот,  Ѓорѓе Иванов донесе одлука да ослободи од кривично гонење функционери, политичари, бизнисмени. 

Иванов на денешен ден пред една година  изјави дека донел одлука за прекин на сите истраги и процеси против политичари. Тој донел вкупно 41 одлука, со 107 помилувања, а вкупниот број на помилувани беше 57 лица.Тогаш Иванов вели дека одлуката ја донел сам.

„Со намера да придонесам во решавањето на кризата, до релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивни поддржувачи, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако нешто не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последиците врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија. Метафорички кажано да се пресече јазолот, согласно сите мои уставни и законски овластувања, а преку одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротиставените страни. Таквата одлука ја донесов и ја потпишав денес. И стојам зад неа. Во одлуката пишува дека стапува во сила веднаш“ – изјави тогаш Иванов.

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, беше помилуван 16 пати, односно за 16 случаи во кои се јавува како осомничен за различни кривични дела. По него е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која беше помилувана 11 пати. Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков беше помилуван за шест дела. Поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски беше помилуван пет пати. 

Претседателот Ѓорге Иванов на 27 мај ги повлече аболициите за сите 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12 април. 

На 6  јуни 2016 Иванов донесе нова одлука, со која комплетно ја поништува одлуката за аболиција. 

Уставниот суд на петти октомври 2016 донесе одлука поднесената Иницијатива за уставноста на помилувањата кои ги донесе претседателот Ѓорѓе Иванов да биде отфрлена и да не се разгледува. 

Аболицијата ги разгневи граѓаните и голем број од нив со месеци протестираа во Скопје и во другите градови на Македонија. „Шарена револуција“ ги боеше спомениците во главниот град, Владата и Собранието. Тие тргнуваа на протести од пред СЈО. Последниот протест на „Шарената револуција“ беше на 26 септември минатата година.

Тие бараа целосно поништување на одлуката на Ѓорге Иванов за аболицијата на 56 лица, неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО, вклучување на граѓанските организации во преговорите, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и о слободување на притворените демонстранти кои учестуваа на протестите на Шарената револуција. Од овие барања 4 и 7 - то се делумно, а последното е целосно исполнето. 

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?