19 Мај, 2024
0.0248

СЕ НАМАЛУВА КРЕДИТИРАЊЕТО: Дали банкарите откажуваат љубов на Владата?

Објавено во: Финансии 18 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска по основ на доспеани обврски кон домашните кредитори, Владата во приватниот сектор треба да врати 5,1 милион евра откако вчера позајми 10 милиони евра или двојно повеќе отколку што планираше со Проспектот за аукција на државни хартии од вредност. Владата се задолжи шреку продажба на записи со рок на доспевање од три месеци и 364 денови. Заклучно со април по основ на издадени државни хартии од вредност, Владата на домашните кредитори им должи 1 милијарда и 339 милиони евра. Во изминатиот период е регистрирано намалување на учеството на банаките – кредитори во внатрешниот владин долг. Банките – најголеми владини кредитори, но учеството се намалува ... Само за еден месец, или во април во однос на март, учеството на банките во кредитирање на Владата се намалило за 42,2 милиони евра. Новите податоци што ги објавува “Фактор“ покажуваат дека во април, салдото на вкупниот заем што банките и го дале на Владата изнесувал 668,4 милиони евра или 45,4% удел во вкупниот внатрешен долг. Во март Владата на банките им должела 626,2 милиони евра со удел од 42,2% во внатрешниот долг. Податоците кои покажуваат дека се намалува учеството на банките – кредитори на Владата доѓаат откако на дел од спроевдените продажби на државни хартии од вредност, Министерството за финансии не успеа да ги обезбеди парите што ги планираше со Проспектите за аукција на државни хартии од вредност. Дел од банкарите за “Фактор“ потврдуваат дека во изминатиот период забавува вложувањето во државни хартии од вредност. “Точно е дека во изминатите месеци се забележува намалување на учеството на банките во вкупниот внатрешен долг. Овој тренд може да се толкува како резултат на два фактори, прво банките во изминатиот месец се соочија со повлекување на депозитите од една страна и политичката неизвесност од друга страна. Морам да кажам дека вложувањето во државни хартии од вредност, без разлика дали се на Владата или на Народната банка е еден од најсигурните начини за вложување. За банките сега поатрактивни се пократкорочните хартии од вредност, во кои и влогот е најголем“ - коментираат дел од банкарите. Иако се намалува уделот на банките во вкупниот внатрешен долг на Владата, сепак тие остануваат доминантни владини финанансиери со повеќе од 668 милиони евра позајмени пари на Министерството за финансии. Внатрешниот долг во пораст... Внатрешниот долг на владата во април изнесувал 1,3 милијарди евра и тој е во пораст. Растечко темпо има и вкупниот јавен долг. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, во неколку анврати упати сигнал до валдините кредитори на домашен терен дека задолжувањата се спроевдуваат без негов потпис. “За само 3 месеци од 2016 година, јавниот долг се зголеми за 105 милиони евра и го достигна износот од 4.33 милијарди евра. Доколку споредбата на состојбата на јавниот долг за првиот квартал се направи со проектираниот БДП за првиот квартал од 2016 година и реализациите од последните 3 квартали од 2015 година, односно според методологијата што се користи во земјите на ЕУ, учеството на јавниот долг во БДП не е 45%, туку 47,2%. Со поагресивната реализација на планираниот годишен дефицит, Владата се повеќе го намалува својот капацитет за задолжување. Во последните извештаи на Светска банка и на Европската комисија за економската состојба во Р.Македонија се алармираше токму за галопирачкото темпо на раст на јавниот долг. Според мене, Влада која го губи својот кредибилитет пред меѓународните фактори, тешко може да биде во состојба да испреговара поволно кредитирање од странство. Домашните капацитети за кредитирање, колкави и да се, не се ниту неограничени, ниту бесплатни и директно влијаат врз влошување на условите за кредитирање на приватниот сектор“, изјави Наумов неодамна во интревју за “Фактор“. Заклучно со првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 45 проценти од бруто домашниот производ. За пет години, или од 2010 та година до сега јавниот долг е зголемен за скоро 2 милијарди евра и според овој критериум, Македонија сеуште е во групата на умерено задожени земји. Од друга страна, според Бруто – надворешниот долг пак земјава веќе е рангирана како високо задолжена економија. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат