Се „крчкаат“ измени на Законот за возила
Објавено во: Економија 05 Јануари, 2018
Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила.
Како што пренесе Академик со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата.
„Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по кои се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, правните лица и физичките лица, на кои со овој закон им е доверено да вршат јавни овластувања“, образложиле од Министерството за економија.