18 Мај, 2024
0.0262

Се исплатува ли да се купуваат фунти после наглиот пад?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Кога ноќта во четвртокот наспроти петокот стана јасно дека мнозинството Британци гласале за напуштање на ЕУ, дошло до нагло слабеење на британската фунта. Фунтата досега во однос на еврото ослабна 9%, во однос на американскиот долар 11%, а во однос на јапонскиот јен дури 16%.

Во моментот на пишување на анализата на платформите на „Адмирал Маркетс“ една фунта вреди 1,32 американски долари, што е најниско ниво на девизниот курс во последните 30 години.

Ќе продолжи ли девизниот курс да паѓа?

Многу аналитичари и инвеститори на финансиските пазари сметаат дека фунтата во следните месеци би можела да ослабне за додатни 10%. Таквиот став се темели на очекуваниот застој во инвестициите до кои многу веројатно ќе дојде поради несигурноста која ја донесува излезот на Обединетото Кралство од ЕУ. Можно е таму да дојде до блага рецесија, поради што британската централна банка ќе мора значајно да ја попушти монетарната полтика. Ако сите останати услови останат непроменети, парите кои во тој случај ќе бидат инјектирани во финансискиот состав би довелe до нов пад на вредноста на фунтата во однос на останатите валути.

Но проблемот е во тоа што резултатот од референдумот ќе предизвика акции и на сите останати најважни финансиски институции на светот. Европската унија со САД е најголем пазар на светот и било какво забавување на еконосмкиот раст во Европа ќе се почуствува ширум светот.

Ден после референдумот многу аналитичари изјавиле дека на очекуваното подигање на каматните стапки од страна на американската централна банка во септември треба да се заборави дека до подигање нема да дојде до следната година. Доколку таквото предвидување се покаже како точно, ќе дојде до нов бран на слебеење на доларот во однос на сите останати валути вклучувајќи ја и британската фунта.

Јапонската влада и централната банка исто така се загрижени. Јенот повторно станува пресилен, што почнува да му штети на јапонскиот извоз. Можно е централната банка да интервенира и директно на пазарот да почне масовно да се продаваат јани и да се купуваат останати валути. Доколку дојде до интервенции, многу шпекуланти ќе бидат присилени да ги затворат продајните позиции кои продавале фунти и американски долари, а купувале јени. Тоа би довело до масовно купување на фунтата која во таквата ситуација би зајакнала.

Но и без интервенции на централните банки, не е веројатно да се очекува продолжение на слабењето на британската валута во недоглед. Многумина од оние кои сакале да ја продадат фунтата веќе тоа го направија и сега недостигаат нови продавачи кои можат додатно да го турнат девизниот курс надолу.

Треба да се има на ум и дека економската соработка на Обединетото Кралство и ЕУ нема многу, ниту брзо да се смени. Имено, Обединетото Кралство во ЕУ ќе остане уште минимално две години, а дури и после излезот, веројатно ќе се потпишат договори според кои економската соработка ќе продолжи да се одвива сосема нормално.

Врз основа на сето наведено горе , аналитичарите на „Адмирал Маркетс“ сметаат дека не треба да се очекува значен пад на текот на фунтата од досегашните нивоа. Изгледите дека ќе дојде до барем привремено засилување на фунтата од 3-5 % врз основа на затварање на продажните позиции кои во последните денови масовно се отворани. После тоа, насоката на движење на текот ќе зависи од податоците за состојбата на економиите и дејствување на централните банки на најважните светски земји.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа