08 Мај, 2024
0.0232

СЕ Е СТОПИРАНО: Блокадата на Италија крах за македонската чевларска и кожарска индустрија

Објавено во: Економија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската чевларска и кожарска индустрија ќе биде една од најпогодените во првиот удар од ширењето на коронавирусот во Европа. Цела Италија впрочем е изолирана од светот, а со тоа е недостапна и за македонските партнери - чевларски и кожарски фабрики кои креираат најголем дел од извозот кон оваа земја од Македонија. Речиси сите вакви фабрики од Куманово, од Источна Македонија работат со италијански партнери, а сега пазарот им е сосем недостапен. За Фактор сведочат дека суровините од Италија веќе се стопирани, а оневозмежени се и да ги испраќаат готовите полупроизводи или производи таму. Финансиските штети не можат да се предвидат сега особено што нема ни претпосатвки колку ова може да трае и како ќе се шири заразата понатаму. Се стравува за огромни загуби.

„Ние досега работевме, но од вчера не. Нашите партнери се од Јужна Италија, па со оглед на тоа што прв беше изолиран северот на земјата ние до сега имавме нарачки, а завчера пристигна и камион со суровини. Сепак имаме за работа уште малку. Денеска треба и официјално да добиеме известување дека работата се прекинува. За среќа ние имаме магацини во Србија па земавме материјали од таму, а некои фабрики од Куманово кои прават готови производи односно произведуваат чевли а немаат посредник веќе добија известување дека се е стопирано во следните две недели, вели Лидија Милановска од Де Марко, претседател на здружението на чевлари.

Од четириесетина фабрики од кумановско, 90 отсто работат со Италија. Годишно Македонија во Италија извезува 300.000 пара чевли. Де Марко работи со материјали од таму. но прави полупроизводи односно овде се шијат делови за члевли, но има компании од Македонија кои прават и готови чевли. На сите им се заканува блокада. 

Вкупната трговска размена со Италија лани била 721 882 милиони долари. Во Италија најмногу се извезуваат делови за чевли, печки за загревање и рудите феросилициум и феро-никел. А дури 80 отсто од нашето производство завршува на европскиот пазар. Рецесија таму за нас е катастрофа. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека тоа ќе има влијание за нашата економија. 

„Економијата е подложна на удари од страна, од сите сегменти на општеството. Тоа е мерливо и се одразува директно врз платниот биланс на компаниите. Се ова што го работиме ќе биде помножено со нула ако не сме во состојба да ги регулираме и другите односи со кои се соочуваме секој ден, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката