19 Мај, 2024
0.0291

СЀ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 26-тиот КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ (3-6. МАРТ 2019.)

Најголем интерес за Форумот досега, се очекуваат повеќе од 1300 учесници кои ќе дискутираат за можностите за интензивен раст и брзо достигнување на просечниот ЕУ стандард

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Овогодинешниот, 26-ти Копаоник Бизнис Форум предизвика досега најголем интерес меѓу учесниците за кои во текот на четиридневното траење на Форумот, од 3-6-ти март во хотел “Гранд“ на Копаоник ќе бидат одржани 26 панел дискусии, шест специјални случувања и три  пленарни сесии.

И годинава „српскиот Давос“ ќе понуди извонредна програма за над 1300 учесници од бизнис заедницата во Србија и регионот. На форумот ќе земат учество премиерката и дел од министрите во Владата на Р. Србија, најзначајни бизнисмени од Србија и регионот од секторите: банкарство, осигурување, трговија, туризам, енергетика, земјоделство, фармацевтската индустрија и IT секторот. Исто така најавено е присуство на претставници на меѓународни финансиски институции како EBRD, EIB, IFC, WB, IM, амбасадори како и претставници на бизнис заедниците од Македонија, БИХ, Хрватска и Црна Гора.

Специјален гостин на 26-иот Копаоник Бизнис Форум ќе биде Гери Џејкобс, претседател на Светската академија на науките и уметностите, кој на првиот ден од Форумот ќе одржи специјално предавање.

Централна тема на Форумот ќе биде “ Србија, десет години после големата рецесија: силниот раст како императив.“

Копаоник Бизнис Форумот од година во година расте, интересот на учесниците е сѐ поголем со што се потврдува важноста на темите кои се отвораат и конструктивните дискусии и критички анализи кои може да се слушнат во рамки на сесиите. Во склад со централната тема на Форумот, целта е да се согледаат грешките во економската политика, во текот на изминатите 10 години, кои придонеле српската економија најспоро да се опоравува во споредба со другите земји во регионот и во централна и источна Европа. За да фатиме приклучок со Еврозоната и генерално со ЕУ неопходен ни е интензивен раст од 5% и повеќе годишно. На Форумот ќе разговараме што е потребно за остварување на таков раст - изјави Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на Економисти на Србија и претседател на Програмскиот одбор на КБФ.

Директорката на Mastercard за Србија, Црна Гора и БИХ, Јелена Ристиќ, истакна дека ова е четврта година на партнерство меѓу Mastercard и Копаоник Бизнис Форум и додаде: “Она на што сме особено горди е дека, откако минатата година по прв пат ја отворивме дискусијата за родова еднаквост и јакнење на жените во бизнис секторот, годинава одиме чекор понатаму односно преминуваме од теорија во пракса. Годинава Mastercard ќе ја официјализира својата посветеност во унапредување на состојбата на родова рамноправност.

На Форумот ќе бидат застапени и темите: старт ап компаниите како дигитален придвижувач на развојот, предизвиците на регионалниот економски развој на Западен Балкан, препораки за развој на бизнисот на

Балканот, зајакнување на дигиталната економија, човечкиот капитал како шанса но и ограничување за интензивен раст, туризмот како регионална перспектива, креативна економија и иновации.

Копаоник Бизнис Форумот, кој го организира Сојузот на економисти на Србија во партнерство со компанијата Mastercard претставува вистински празник за економистите, саем на идеи, како и своевиден годишен reality check за креаторите на економската  политика, место каде што се сумираат резултатите резулататите од економските политики спроведувани помеѓу два настани.

Концепциски покровител на Копаоник Бизнис Форум веќе 11 години е претседателот на Владата на Р. Србија.

Копаоник бизнис форумот има свој официјален веб сајт- www.kopaonikbusinessforum.rs на кој може да се најдат сите информации за програмата и учесниците.

Заклучоците и од овогодинешниот Форум ќе бидат сумирани во документот „Копаоник консензус 2019“.“.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст