01 Мај, 2024
0.0299

Се чека обвинението за „Рекет“, обвинителите согласни дека Јанева му давала информации на Јовановски

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Истрагата на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ја заврпи истрагат за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и јавноста го очекува обвинението, а потоа и почетокот на судскиот процес. 

Одбраната на првоосомничениот Јовановски има рок од 15 дена да направи увид, односно да ги види сите докази што ги има Обвинителството против него, па потоа да се договори нов термин кога да даде исказ. Одбраната на Боки 13 од денес започнува да прави увид во доказите додека оттаму најавуваат дека и тие ќе предложат докази, додека застапниците на поранешната специјална обвинителка Јанева ова го најавија за утре.

Во меѓувреме за јавноста е објавено целосното решение за разрешување на Јанева од страна на Советот на јавни обвинители на ден пред истекот на нејзиниот мандат поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Јанева е осомничена за кривично дело - злоупотреба на службената положба и овластување во предметот познат како ,,Империја“

„Во постапувањето на јавниот обвинител Катица Јанева се присутни незаконитост, нестручност и несовесно постапување како и недоволна професионалност, надвор од со закон предвидените можности, со видливо настојување да овозможи привилигирана положба на осомничен во предметот, недозволено и незаконито ставање на располагање на информации од службен карактер на неповикани лица, кои информации се користени во насока на прибавување на парични средства на незаконит начин“, се вели во службеното решение на Советот на јавни обвинители.

Ова значи дека информациите од СЈО кои Јанева му ги давала на Јовановски му овозможиле позиција да изнудува пари од бизнисмени, но засега не се потврдени нивните имиња, иако неколкумина веќе даваа исказ во обвинителството.

- Имаме сознанија за други случаи на уцени, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, изјави претходно обвинителката Вилма Рускоска, која потврди дека тие бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во „Рекет".

Истрагата за Рекет е завршена, но само во делот поврзан со случајот Империја. Се уште се истражува пак дали Боки 13  ги рекетирал бизнисмените преку неговата невладина организација Меѓународен сојуз.

Скопскиот кривичен суд веќе го замени притворот на Шутка со куќен притвор на Милевски, вториот осомничен во случајот „Рекет“..

Истражниот процес за случајот, кој е завршен, започна на 5 јули, кога Јовановски и Милевски беа уапсени и приведени, додека Јанева беше однесена во притвор на 21 август.



Можеби ќе ве интересира

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ