СДСМ ВО ОДБРАНА НА ЗАЕВ - снимката говори дека барал начин за реформи во судството
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020
Се огласија од СДСМ откако беше објавена нова бомба за лидерот Зоран Заев.
„Денешните објавени аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство.
СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат, иако тоа веќе не постои.
Јасна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се бореа за да паднат предмети, да падне предметот „Талир“, за да се сокрие нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, да падне предметот „Империја“ за да се спаси тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, за да се спасат други криминалци на чело со Груевски“, соопштија од СДСМ.