16 Мај, 2024
0.0564

СДСМ ЈА ПОВТОРИ ПОРАКАТА - владата што ја создаваме ќе биде ослободена од национализам

Објавено во: Македонија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Ова соопштение, кое е слично и на претходните, денеска повторно го испрати СДСМ.

Во својот допис тие инсистираат дека не треба да има национализам и дека тој е поразен.

Што сакаат со ова да кажат социјалдемократите. Дали тоа значи дека нема да дозволат да се прифати барањето од ДУИ за ротационен премиер, односно три години плус една како што пишуваа медиумите.

Оваа порака за ослободување од национализмот тие ја упатуваат и во претходните нивни соопштенија.

„На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, пишуваат од партијата на Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното