26 Април, 2024
0.0313

СДСМ и ДУИ во „кампања“ со 50 милиони евра од концесија

Објавено во: Македонија 31 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Договорите за инфраструктурни проекти, повеќето на локално ниво, доделувани фазно од ТАВ програмата вредна 50 милиони евра доаѓа во предизборен период во ситуација кога најголемиот дел од градоначалниците во општините доаѓаат од редовите на власта.

Станува збор за сума од точно 49.743.119 евра од Договорот за концесија склучен во 2008 година за несудениот карго-аеродором во Штип. За промената на намената на дел од средствата е добиена согласност на 30 ноември годинава од ТАВ Македонија како инвеститор и ТАВ Хавалиманлари Холдинг како референтен оператор.

Проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите, се објавени уште на крајот од минатата година, но започнуваат со реализација сега.

Со овие пари ќе се финансира клучката кај Момин Поток и на висечкиот мост „Љубљанска“, чиј почеток на изградба Град Скопје веќе ги означи, а од оваа програма сумата што ќе се издвои изнесува повеќе од шест милиони евра. Тоа значи дека Град Скопје предизборно ќе добие најмногу пари од овој „фонд“, но тука се уште и 75 општини канализациони и водоводни мрежи, патишта, школи и градинки и други проекти, а при нивните најави присутни секојдневно се премиерот Зоран Заев, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Артан Груби, министрите Фатмир Бисими и Крешник Бектеши, но и други функционери од власта на централно и локално ниво.

Според изборните правила, по донесување одлука за распишување на локални избори не е дозволено да се инвестира во капитални објекти освен ако претходно тоа не било планирано. Но тоа сега е можно, затоа што, како што вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, овој „извор на средства“ е претходно испланиран, но етички е недозволив затоа што има суптилен договор градбите да започнат во јули.

„Ако се земе предвид целиот процес на пренамена на средствата на ТАВ во износ од 49.743.119 евра предвидени за карго аеродромот, а кои со Анекс на Договорот за концесија склучен помеѓу Владата на РСМ и ТАВ Македонија се доделени на општините за реализација на инфраструктурни проекти, може да се забележи дека истиот е започнат и испланиран многу порано .

Изборниот законик дозволува започнување на изградба на инфраструктурни проекти доколку се обезбедени средствата односно се работи за реализација на веќе донесена програма.

Но, имајќи предвид дека реализацијата се случува во предизборниот период, односно согласно член 7 од Договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни изведувачот е должен да отпочне со работите по 27ми јули, остава впечаток дека е темпирана со цел да се постигне суптилно влијание врз гласачкото тело“, смета Ивановска во одговорот што го добивме од ДКСК.

Првата антикорупционерка вели дека ваквите активности го нарушуваат интегритетот на изборниот процес преку влијание на гласачкото тело и до Собранието на РСМ е поднесен предлог да се предвидат механизми со кои ќе се спречи влијанието на гласачкото тело со започнување на планирани инфраструктурни проекти промоции на политики, носење на мерки и одлуки во изборен период.

За аналитичарот Сашо Клековски ова е „нерамен терен за натпревар“ и вели дека СДСМ, исто како и ВМРО-ДПМНЕ претходно, ги израмнува државата и партијата, спротивно од претходните декларирани заложби.

„Локалните избори 2021 година почнуваат да заликуваат на избори пред Пржинскиот договор, само сега во променети позиции на власт и опозиција. Тогашната опозиција СДСМ се повикуваше на главните критики на ОБСЕ/ОИДХР за изборите - нерамен терен за натпревар, како и нераздвојување на државата и партијата. Тоа значеше дека власта користи државни и други ресурси за сопствена промоција и доведување на опозицијата во нерамноправна позиција. И тогаш и денес тоа се случува  најчесто со започнување или отворање на државни капитални проекти во предизборниот период“, вели то.

За Клековски тука се повторно во игра и владините реклами. СДСМ како опозиција тврдеше дека владините реклами се поткупување на медиумите, а сега бара враќање на истите, и веќе започна да ги практикува, додава аналитичарот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите